Оваа година за земјоделството 18 милиони евра

Bez autora
Jul 18 2011

Целта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување. Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 во врска со спроведување на овој јавен повик во висина од 18.565.000 евра се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Оваа година за земјоделството 18 милиони евраЦелта на ИПАРД Програмата 2007-2013 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехрамбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на ЕУ и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.

Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 во врска со спроведување на овој јавен повик во висина од 18.565.000 евра се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства со цел нивно преструктуирање и надградба за постигнување на стандардите на ЕУ, за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и за диверзификација и развој на руралните економски активности.

Огласот ќе трае 45 дена, односно до 30 август 2011 година. Потребната документација за подготовка и поднесување на барања, вклучително и упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 може да се превземат од веб-адреса на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, како и лично во приемницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и во најблиските регионални центри или работни единици на Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Во Агенцијата за поттикнување на развој во земјоделството заинтересираните земјоделски производители можат да добијат и информации за изготвување и доставување на барања, како и практични совети за аплицирање. Во текот на годинава, со цел што поголема искористеност на ИПАРД средствата, ќе биде објавен уште еден јавен повик во согласност со планот за објавување на јавни повици.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik